300.000 ПЕНЗИОНЕРИ ОСТАНАА ИЗМАМЕНИ: Наместо зголемување на пензиите за 5%, пензионерите добија едвај 1% но и повисоки даноци и поскапа струја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дојде први септември, а пензионерите не го добија ветеното и најавено покачување од 5 % проценти на пензиите. Преку  300 000 пензионери останаа излажани и изманипулирани од СДС, изјави на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО предупреди дека Заев лаже и дека кога пензионерите ќе ги подигнат своите пензии неѓа да ги добијат 5-те проценти што им следуваат. Нема да ги добијат ниту 650 денари кои им ги даваше ВМРО, а уште помалку 2100 денари колку што ги лажеа Заев и Царовска дека ќе им дадат како покачување. Тоа е вистинскиот лик на Заев и СДС. Лаги, манипулации, неизвесност и неспособност да се реализира ништо. Ова не е прв пат пензионери да бидат изманипулирани од страна на СДС. Пензионерите добро паметат дека токму во времето на владеењето на СДС  пензиите, наместо да растат им беа намалени за 8%. Во  2006 година просечната пензија изнесуваше 7864 денари, додека во  2016 година  13754 денари, што претставува зголемување за 79%, потенцираше Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека пари за пензионерите нема, но пари за расфрлање и луксузирање на функционерите на СДС се наоѓаат. За само  25 дена по распишување на локалните избори, владата предводена од СДС потрошила неверојатни 32  600 000 евра на стоки и услуги и незаконски вработувања на партиски послушници и таканаречени шарени револуционери.

-СДС крати од пензионерите и го укина покачувањето пензиите од 5%, но затоа   потроши преку 30 милиони  евра на луксузи, патувања, дневници, опремување на кабинети и за вдомување на партиски војници. Расипничката влада на СДС, поради катастрофалните  економски политики кои ги води во изминатиот период, успеа да ја повлече економијата во надолна линија. Откако е СДС на власт за прв пат после долго време имаме пад на индустриското производство за 2,2%, за прв пат имама пад на просечната плата за 0.7%. Имаме 100 милиони евра помалку странски директни инвестиции во јули 2017, за разлика од јули минатата година, вели Ѓорѓиевски.

Тој вели и дека граѓаните ваквата недомаќинска и неодговорна политика на СДС ја препознават. Ваквото безобразно и непрофесионално владеење ќе заврши многу брзо. На предстојните локални избори граѓаните ќе им соопштат што мислат за расипничката политика  и СДС ќе биде поразен на изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This