300.000 ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ПОКАЧУВАЊЕ: СДС и Заев го укинуваат најавеното покачување на пензиите, над 300.000 пензионери се заложници на нивната катастрофално лоша финансиска политика!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС и Заев го укинуваат најавеното покачување на пензиите колку и да се трудат да го сокријат тоа преку разни манипулации. Неспособниот и неодговорниот СДС и Заев ниту во минатото ниту пак сега не работеа за потребите и интересите на граѓаните. Пензионерите се сеќаваат дека во време на ВМРО-ДПМНЕ пензиите добија најголем раст, односно просечната пензија од 7.683 денари ја зголеми на 13.755 денари за разлика од СДС кога им украдоа дури 8% од пензијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пензионерите во време на ВМРО-ДПМНЕ ја земаа пензијата секоја прва седмица од месецот, наместо во време на СДС кога пензијата им се исплаќаше на рати. Пензионерите се заложници на расипничкото и неодговорно владеење на Заев и СДС. ВМРО-ДПМНЕ последното покачување го направи во декември 2016-та година и тоа за 620 денари, за разлика од владата на СДС која ќе им даде само 160 денари покачување, односно 1% од предвидените 5% покачување на пензиите. Под власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се донесоа низа мерки и проекти за пензионерите, а како најискористени се банско климатска рекреација,  бесплатен викенд за пензионери, бесплатен пρевоз со воз за пензионеρи, 50% попуст за посета во институциите на κултуρата за пензионеρите, слободен пρевоз за пензионеρите со гρадсκите автобуси и тоа тρи дена во неделата во главниот град, тои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Скоро над 300.000 пензионери, се додава во реакцијата, се заложници на катастрофалната лоша финансиска политика на СДС, но поради ова токму пензионерите на 15-ти октомври целосно ќе го делегитимираат Заев.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This