АЛБАНСКАТА ДИЈАСПОРА ПОЗАДИ ИДЕЈАТА ЗА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА: УЧК, Заев и конгресменот Рорабакер добивале пари од иста група за една идеја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ставовите кои ги презентираше Дана Рорабакер, а кои се конзистентни со ставовите на Заев пред две години прв ги презентираше на светската јавност Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, кој пред комитетот за надворешни работи на Руската Дума изјави дека има оперативни сознанија дека во некои моќни центри на одлучување се подготвува план за поделба на територијата на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија

Naslov_dijaspora

Две години подоцна, Рорабакер изјави:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Мојот став е дека Македонија не е држава. Жал ми е, но не е држава. Тие се толку поделени што никогаш нема да бидат во можност да одат добро заедно. Затоа Косовците и Албанците во Македонија треба да биде дел од Косово, додека другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или на која било друга земја за која тие тврдат дека се поврзани. Идејата е дека ние сакаме да ја држиме Македонија во живот, бидејќи некој пред 30 години одлучил дека тоа е конфигурација која треба да произлезе од растурањето на Југославија, но тоа нема да доведе до образложение дека оваа идеја сѐ уште држи“ – изјави конгресменот поддржан од албанската дијаспора Рорабакер во интервју за албанската телевизија Визион Плус.

 

[/kopa_block_quote]

Дејна Рорабакер кој се смета за влијателен конгресмен во САД, бил и помошник на претседателот Роналд Реган, а е добро познат поддржувач на големо-албанската идеја уште од 1998-та година кога почнува да добива донации од албанското лоби во САД кое воедно ги финансира и терористичките структури на УЧК во Македонија и на Косово. Освен Рорабакер, на листата на политичари кои добиле донации од Албанската дијаспора, односно „Албанско Американскиот ПАК“ во САД се и останати видни конгресмени и сенатори. Меѓу нив е и Џон Меккејн, Ден Донован, Ед Ројс, Џон Кејсич и многу други.
zbiro

Почнувајќи од 1998-та година, Рорабакер е на постојаната листа на политичари кои добиваат финансиска поддршка од Албанската дијаспора во САД, од каде пак во текот на конфликтот во 1999-та на Косово и 2001-ва во Македонија беа финансирани и најразличните терористички структури на УЧК. Освен Рорабакер и терористите на УЧК, „Албанско Американскиот ПАК“ како лоби група на албанската дијаспора финансиски поддржува и политичари на Балканот од кои веруваат дека ќе имаат корист.

Рорабакер со муџахедините од Авганистан
Рорабакер со муџахедините од Авганистан

Во текот на 2014-та година, на платниот список на организацијата на албанската дијаспора која финансира политичари и терористички групации со цел спроведување на идејата на „Призренската лига“ се наоѓа и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Така, Зоран Заев изминатите две години ја доби целосната поддршка на албанската дијаспора, од каде што за потребите на неговата кампања во која се промовираше двојазичноста и кантонизацијата на Македонија, беше истурена голема количина на финансиски средства.

Оваа поддршка своевремено ја потврди и лидерот на Албанската дијаспора од Македонија Муса Љамалари кој пак беше организатор на конференцијата во Берн, каде за прв пат Зоран Заев ја промовираше идејата за промена на Уставот со што ќе биде овозможена двојазичноста и „двовалентните“ општини, што во превод значи кантонизација.

Муса Љамалари во неколку наврати ја повтори поддршката која Заев ја има од Албанската дијаспора, велејќи дека албанците од регионот во Заев гледаат „спасител“, а отворено зборуваше дека тие разговарале за планот за кантонизација, проект кој албанците во Македонија но и од дијаспората широко го поддржуваат.

https://www.youtube.com/watch?v=7pA8HJkzTjk

Сепак, за ставовите кои јавно ги изнесе конресменот Рорабакер, реагираше и Стејт Департментот на САД од каде што по официјалната реакција на Македонското МНР изјавија дека позицијата на САД во однос на Македонија не е променета.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]– САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не е променета, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за Гласот на Америка на албански јазик.[/kopa_block_quote]

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This