Поврзано

ОВА ГО НЕМА НИКАДЕ, БРАВО: Пекара во Панчево поради корона вирусот воведе бурекомат, еве како изгледа

Сопственици на пекара во панчево по прогласување на вонредната состојба, мудро се досетиле и „отвориле“ шалтер за купување бурек...

КОНСУЛТАЦИИ ЗА НОВА ВЛАДА: Лидерите на партиите на консултации со Тачи откако пaднa владата на Куpти

Претседателот на Косово Хашим Тачи најави дека ќе ги започне консултациите со лидерите на сите парламентарни политички партии за...

Грчки протести, македонски проблеми. Десетина дена граничниот премин Евзони – Богородица е блокиран поради штрајкот на тамошните земјоделци, кои се незадоволни од најавените даночни и пензиски реформи. Нивниот начин на решавање на проблемите, преку отсекување на главните сообраќајници и гранични премини им создаде главоболки на домашните транспортери и компании. Се бројат милионски штети. Повисоките трошоци за превозниците значат и повисоки цени за превоз, анализира Лидер. 

Granica-Grcija-blokada-traktori-324x160

„Во овие тешки услови на вршење превоз, апелираме до увозниците да одобрат повисоки цени за превозот, како би можеле да се користат и алтернативните патишта за дотур на стоката, неопходна за функционирање на нашето стопанство“ – се вели во пораката од Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“.

Оттаму ги повикаа своите членки да бараат алтернативни патишта и да ги користат граничните премини Меџитлија, Ново Село и Дојран. Сепак, ситуацијата може наскоро да се промени и тоа на полошо.

„Тоа значи поминување на подолга маршрута при што е нормално да дојде до зголемување на цените. Треба да се има предвид и дека земјоделците се заканиле дека ќе ги блокираат и овие патишта“ – вели генералниот секретар на „Макам-транс“, Биљана Муратовска.

Со помош на Канцеларијата за врски на Грција се пропуштени неколку цистерни преку Евзони за влез во Македонија, што дава надеж дека ќе се најде решение за блокираните превозници.

Бизнисмените бараат разбирање од Грците

Домашните компании – увозници трпат огромни штети. Во Солунското пристаниште се веќе заглавени околу 120 илјади тони стока за Македонија, која не може да биде испорачана до крајната дестинација поради протестите на грчките земјоделци. Станува збор за никел, јаглен, челик, сол и други суровини, наменети за македонската индустрија.

Ова го вклучи алармот во Стопанската комора на Македонија. Претседателот на СКМ, Бранко Азески, упати ургентни дописи до претседателот на Унијата на грчките трговско-индустриски комори Константин Михалос и до амбасадорот во Македонија Димитриос Јанакакис. Побара веднаш да се вклучат во решавање на проблемот со цел нормализација на сообраќајните врски.

„Сугурен сум ќе се согласите дека ваквите состојби негативно се одразуваат врз економско-финансиското работење на компаниите од двете земји и ако не се најдат соодветни и навремени решенија, може да предизвикаат дологорчни негативни последици врз нашите национални економии. Имајќи предвид дека е неизвесно до кога ќе трае блокадата, неисклучувајќи ја и можноста ситуацијата да ескалира и кон другите гранични премини меѓу двете земји, Стопанската комора на Македонија апелира за интензивирање на контактите со надлежните органи, институции и влијателни фактори, на внатрешен и меѓународен план, во барањето помош за нормализирање на состојбите и создавање услови за непречени деловни комуникации“ – наведе Азески во обраќањето до Грците.

И од дописот на Азески може да се заклучи дека има најави за дополнително радикализирање на штрајкот на грчките земјоделци, со блокади и на другите гранични премини, што комплетно ќе ја парализира разменета меѓу двете земји и ќе не отсече од грчкото пристаниште, што значи дека домашните компании ќе мора да се преориентираат кон алтернативните пристаништа, што би значело и дополнителни трошоци.

„Свесни дека настанатата ситуација не може лесно да се контролира и да се предвиди колку ќе трае, Стопанската комора оцени за потребно директно да се обрати до надлежните домашни и меѓународни органи со цел да ги исцрпи сите можности и ресурси за да помогне за нормализирање на нарушените меѓународни бизнис – комуникации, предизвикани од блокадите“ – вели Азески.

Македонските власти на линија со Атина

Македонските власти велат дека ги интензивираат состаноците со Грците за да се најде решение на проблемот, но и да се спречи евентуална нафтена криза во земјава, на што предупреди ОКТА.
„Блокадата е внатрешен проблем на Грција и се надевам дека што поскоро ќе се реши. Како надлежен орган правиме напори да им олесниме на сите што патуваат кон Грција, а не само на транспортерите“ – рече Дритон Кучи, министер за економија на Македонија.

Засега, не е голема веројатноста од нафтена криза во земјава. ОКТА е главниот увозник, но тука е и „Лукоил“, а руската компанија ја увезува нафтата преку Бугарија. Пратките со нафтени деривати можат да се внесуваат преку премините Делчево и Ново Село.

Грчките блокади не се новост

Блокадите во Грција не се новост за Македонија. Минатата година беше отсечена железничката пруга, а во летото штрајкуваа вработените во Солунското пристаниште. Домашните компании повторно трпеа милионски штети. Не требаше да помине многу време пред првите луѓе на пристаништето во Драч да ја искористат шансата и да се претстават пред домашните компании.

„Има три значајни проекти – продлабочување на базенот на пристаништето, поврзување со железница и отворање на т.н. суво пристаниште“  – рече директорот на пристаништето, Газменд Шалси.

„Во услови на континуирани блокади и штрајкови да се отворат и други можности за компаниите преку условите кои ги нудат другите пристаништа“ – рече Билјана Пеева – Ѓурик од Стопанската комора на Македонија.

Грција е важен партнер за Македонија

Нешто повеќе од две децении по едностраното трговско ембарго кое Македонија ја чинеше над 2 милијарди долари, економските односи со Грција се развиваат со забрзано темпо. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, трговската размена меѓу двете земји во 2016 година изнесуваа 597,5 милиони евра, но со голем дефицит на наша страна. Јужниот сосед е четвртиот по големина трговски партнер на Македонија, а грчки капитал е влезен во речиси сите сектори на нашето стопанство.

Актуелно

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

Повеќе вести