КОДОШКА ГЕНЕЗА, ПРЕТОЧЕНА ВО ПОВИК ЗА ВОЈНА: Барањето за задолжителен Албански во основните училишта е латентен повик за конфликт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соросоидниот мегафон на СДСМ, човек кој својата семејна генеза ја црпи од кодошкото минато на своите предци, Борјан Јовановски вчера на својот Твитер профил порача дека во Македонија требало Албанскиот јазик да биде задолжителен во сите основни училишта во државава

borjan

Големоалбанските, сепаратистички аспирации на Јовановски не се ништо помалку зачудувачки од оние на СДСМ. Имено, токму предизборната програма на партијата која тој грчевито ја брани и промовира, предлагаше воведување на двојазичност на ниво на целата држава, до степен, да се воведат т.н. „поливалентни“ општини во кои ќе има посебна полиција, училишта, законодавни институции и сопствена извршна власт.

Накратко, воведување на кантони.

Она што сепак е индикативно е тоа што, Јовановски целиот свој живот го поминува на грбот на неколку странски амбасади, финансиран од разни странски фондови, меѓу кои секако незаобиколен е оној на „филантропот“ Џорџ Сорос.

Колку и понудата на Јовановски да звучи зачудувачки, кажана така лефтерно, неговата изјава, а не онаа на Владо Јовановски, е повик на војна, имајќи предвид дека воведување на кантони, поделба на државата и наметнување на втор официјален јазик со сигурност нема да помине без тензии и конфликт.

Јовановски само се надоврзува на позициите кои вчера ги утврди и Бранко Героски, уредникот на „Плус Инфо“ и „Слободен Печат“, инаку човек кој се доживува за идеолог на СДСМ и се нуди да биде советник на Али Ахмети.

 

gero

Героски во својата колумна „Заев и Ахмети, сите прашања се решливи, направете влада!“ во која практично го моли Али Ахмети да направи влада со СДСМ, се нуди како советник на ДУИ и СДСМ како најлесно може „да се решат и знамето и химната на Македонија“, за кои во албанската платформа се бара да се отворат како прашања.

Во способностите на Героски како докажан СДСМ-овец за давање идеи за промена на знамиња и имиња, воопшто никој не се ни посомнева. Истиот Героски пред нецели две години беше меѓу првите од СДСМ/Сорос кои ја најавија политиката за федерализација на Македонија, повикувајќи да се зборува за оваа идеја. Отворањето на јазичното прашање е само воведен чекор кон понатамошно раскрчмување на земјата.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This