ОСТРА РЕАКЦИЈА НА РУСКАТА АМБАСАДА: Безнадежно е да се коментираат „фејкови“ пласирани во Англиски весници кои деградираат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во неколку наврати, последните неколку дена во Македонските „медиуми“ финансирани од Сорос, УСАИД но и еден медиум финансиран со грант од 30.000 фунти од Амбасадата на Велика Британија, пласираа брутална дезинформација со која се обидоа, државниот удар во Македонија да го претстават во поинакво светло. Имено, порталот кој добил 30.000 фунти грант од Британската амбасада, пренесе текст од „Сандеј Тајмс“ во кој тврдеа дека Кремљ упатил закана до Македонската влада. Смешно и патетично, дотолку повеќе ако се знае дека потписник на текстот за „Сандеј Тајмс“ е сорсоид под името Бојан Панчевски

ruska-ambasada-639x437

По овој повод, пристигна и остра реакција и демант од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, која ја пренесуваме во целост:

Уште неодамна многумина не веруваа дека активната инволвираност на британските медиуми во информативни војни може да ги поткопа темелите на традиционално силното британско новинарство. Но сега одговорот е повеќе од очигледен: квалитетот на британското новинарство неповратно деградира. Најнова потврда за тоа е низа написи за Македонија објавени на 30 април, 2 и 7 мај во весникот ”Сандеј Тајмс“ – се вели во реакцијата на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија
Во тие текстови потпишани од Бојан Панчевски со ударни наслови за наводно мешање на Русија во внатрешните работи на Македонија е собрана толку силна концентрација на занемарување на фактите, толку болен стремеж кон подметнувања и отворени лаги што целиот овој делириум веќе не може да се нарече производ на професионално новинарство. Многу е жално дека стандардите на британските медиуми денес паднаа толку ниско што дури еден од најстарите весници во Англија, ”Сандеј Тајмс“, сега мора да објавува волку ефтини пропагандистички фејкови – додаваат од амбасадата.
Безнадежно и бесмислено е да се демантираат сите овие лапсуси и фејкови на оваа ”бондијана“ каде што бујната фантазија на авторот и на неговите ”извори“ нема ништо заедничко со фактите и реалноста.
За што сериозно може да се дискутира со ”експерт“ кој со цел памет тргнува да пишува за ситуацијата во Македонија, ама не ги ни знае резултатите од предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година? За што може да се разговара со ”аналитичар“ кој актуелната македонска влада ја нарекува ”промосковска“ и истовремено тврди дека ”Русите вршат директен притисок врз владата на Македонија со цел да ја пренасочи кон Москва“. Каде е логиката или барем елементарниот здрав смисол? – прашуваат од Руската амбасада.
Нив ги нема, како што нема и критичка анализа на политичките и на други последици за Македонија од грубото и противзаконско мешање на западната дипломатија во внатрешните работи на оваа земја која стана објект на бескрупулозни притисок, уцени и закани од страна на Брисел, Вашингтон и Лондон кои се прогласија себе за ”стожери на демократијата“.
Но затоа во изобилство е присутен стремежот на западните земји и на новинарите што се на нивна служба, да ја префрлат врз Русија одговорноста за хаосот и меѓуетничките тензии што во Македонија и во целиот регион ги создава самиот Запад.  – велат од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.
Како на крајот на краиштата ќе заврши оваа уште една авантура на Западот на Балканот, засега тешко е да се каже. Јасно е едно: ”Сандеј Тајмс“ и понатаму неуморно ќе измислува сè нови поводи за разобличување на ”плановите на Кремљ“, а добро штелуваната машинерија за производство на русофобски фејкови во Лондон ќе продолжи да работи без прекин – заклучуваат од Руската Амбасада во Македонија

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This