3aбpaнa зa кaмиoни нa тpи пaтни пpaвци, мoжнa пojaвa нa гoлoмpaзицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци:

– Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

– крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

– Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.

На патниот правец Р2248 помеѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This