3a двa дeнa вakциниpaни 453 здpaвcтвeни paбoтници, жeлбa зa вakцинaциja изpaзилe нaд 91.000 гpaѓaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминативе два дена се вакцинирале вкупно 453 здравствени работници кои работат во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство. 

Како што се посочува во денешното соопштение на Министерството, имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојбо во Скопје, каде се поставени шест вакцинални позиции, а се работи во две смени од 8 до 20 часот, од понеделник до сабота.

Во тек е имунизација со вакцината од производителот „Фајзер“, а кон крајот на месецот во нашата земја се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител „Синофарм“, од каде во директни преговори се купени 200.000 вакцини против Ковид-19.

Нашата држава преку КОВАКС механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини. Правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината „АстраЗенека“, од која првите количества е планирано да стигнат во март.

– Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Во правата испорака на Ковакс механизмот за вакцини „Фајзер“ вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите кои почнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19, соопштија од Министерството.

Оттаму посочуваат дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните.

– Сите производители на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а Фајзер дополнително е вакцина која е регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови, се појаснува во соопштението на Министерството.

Во тек е првата фаза од имунизација во нашата земја, а во меѓувреме тече пријавувањето на веб страницата  „vakcinacija.mk“, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата почнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза. Досега на веб страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70-годишна возраст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This