3aeв си кyпи три месеци: Coбpaнието изглaca довepба нa Влaдaтa со 62 гласа „за“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието попладнево и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратенциите усно го побара премиерот Зоран Заев.

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, а ниту еден од присутните не беше против.

Гласањето за доверба беше без претходна расправа. Според собранискиот деловник, во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува премиерот усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа.

Премиерот Заев пред гласањето истакна дека побарал пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, по првпат на ваков начин во парламентарната историја во земјава, за да се разјаснат некои работи што во јавноста ги наметна опозицијата околу владејачкото мнозинство во Собранието.

По само десет месеци откако беше одбран актуелниот состав на Владата, по предвремените парламентарни избори од јули, 2020 година, премиерот Зоран Заев, е единствениот којшто свикал доверба на својата Влада бидејќи нема доверба во коалиционите партнери.

Пред само десетина дена ЛДП ја напушти пратеничката група на СДСМ, а веднаш потоа Павле Трајанов од Демократскиот сојуз исто така се одвои од коалицијата „Можеме“.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, неколкупати посочуваше дека Владата, односно премиерот Зоран Заев нема стабилно парламентарно мнозинство, за што говореше и фактот дека пред вчерашните седници последен пат собраниска седница беше одржана на 3 февруари.

Заев денеска во Собранието усно побара од пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, а нема да биде дозволена пратеничка расправа од три дена, бидејќи кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа.

Со тоа сосем е очигледно дека Заев ја користи изолацијата на лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, за да си го продолжи векот на Владата и без расправа да купи уште неколку месеци.

Се чини дека паѓа во вода изјавата на Љупчо Николовски дека парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте и да работи и во наредниот период.

Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба.

Пред тој рок прашањето може да го постави само мнозинството од вкупниот број на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Сепак доколку 3 пратеници во наредните 90 дена го променат својот став, може повторно да се гласа доверба на Владата која најверојатно би се изгласала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This