3aeв е многу paзочаран, но вели дека ЕУ нema алтepнатива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не станува збор просто само членството во ЕУ, за нас клучна цел европеизацијата на нашата земја. Покажавме вистинска посветеност на овој процес и покрај тоа што од 2005 година сме земја кандидат и 16,5 години чекаме да се случи следниот чекор. На јасно сме дека до членството ќе поминат можеби уште пет, седум или 10 и повеќе години, но ЕУ е неопходно да ги исполни своите ветувања, да ни овозможи да го направиме следниот чекор, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“ на англиски јазик, наведувајќи притоа дека за жал ЕУ не го испорача ветувањето пред граѓаните на Република Македонија и оти сега разочарувањето е навистина големо.

Заев посочи дека европеизацијата и членството во ЕУ немаат алтернатива, пред се поради вредностите на Унијата кои, како што вели, значат подобра и просперитетна иднина, но, додаде дека земјите од Западен Балкан, кои се како своевиден остров оставен во ЕУ, на овој начин се оставаат на можноста да се соочат со други влијанија.

Во однос на нашиот европски пат со Албанија, премиерот Заев истакна дека станува за збор за спојување од практична причина, при што наведе дека секоја земја треба да се оценува самостојно, иако во слична ситуација се најдовме пред неколку години, но во обратна насока кога патот на Тирана беше блокиран.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This