3aeв: И посакувам сpeќа на Албанија да продолжи на европскиот пат доколку продолжи оваа блokaда од Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако разочарувањето во земјата по бугарската блокада „е многу големо”, како што вели Заев, сепак алтернатива за земјата нема.

Големо е разочарувањето и траумата кај граѓаните по блокадата на европскиот пат на Македонија, но земјата нема да бара алтернативи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле. Во него, Заев зборува за шансите за решение на спорот со Бугарија, претстојниот попис, корупцијата во земјата и опасноста за регионот доколку продолжи одложувањето на интеграциите во ЕУ.

„Јас сум оптимист затоа што за време на нашата последна посета на 17 јуни, се сретнавме со сите официјални претставници во Бугарија, со претседателот, со премиерот, министрите и понудивме решенија за сите отворени проблеми. И, постоеше целосна потврда за тоа, но останува неопходноста од политичка влада во Бугарија. Поради тоа, јас сум оптимист и можам да заклучам дека продолжуваме да бидеме целосно пријателски ориентирани, затоа што сме први соседи и нормално треба да обезбедиме подобра иднина за нашите млади луѓе, да не грешиме во таа насока. Затоа, верувам дека по формирањето на новата влада (во Софија, н.з.) е можно решение“, вели Заев.

Иако разочарувањето во земјата по бугарската блокада „е многу големо”, како што вели Заев, сепак алтернатива за земјата нема.

„Не, нема друга алтернатива за нас освен единствената: членството на Македонија во Европската унија. А, пактот за европеизација на нашата земја е најскапоцен, најважен за сите наши граѓани. Ние и другите земји од Западен Балкан сме како остров во Европската унија. Опкружени сме целосно од земји членки на Европската унија. И на крајот на денот, ние сакаме да продолжиме и еден ден да станеме полноправни членки на Европската унија. И тоа не е затоа што ние избираме да одиме во Европската унија. Тоа е заради вредностите. Ние веруваме многу во европските вредности. Знаете, има многу други интереси тука во југоисточна Европа и на Балканот, од Русија, од Кина, од остатокот од светот. Но, тие не нудат вредности, демократски вредности, тие не нудат европски вредности.”

„И посакувам среќа на Албанија”

Одложувањето на европската иднина на земјите од регионот, губењето на мотивацијата станува опасна за сите земји од Западниот Балкан, како и за Македонија, вели Заев.

„Само иднина во ЕУ ни дава надеж дека ќе продолжи европеизацијата на земјата. Повеќе владеење на правото, подобар здравствен систем, европски образовен систем, добра економија…“

Македонија и Албанија последниве години во пакет се надеваа на позитивна одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ, но се почесто се поставува дилемата за можно одвојување на двете земји.

Во Европскиот совет веруваат дека ќе биде полесно да се донесе одлука за почеток на преговорите за двете земји во пакет, отколку поединечно, вели Заев, но за него не постои никаков проблем доколку двете земји сега се одвојат поради ветото од Софија.

„Секоја земја заслужува да биде оценувана според своите резултати. Му посакувам успех и среќа на нашиот западен сосед, Албанија да продолжи на тој пат доколку продолжи оваа блокада од Бугарија.”

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This