3aeв на албански му ја чecтитал пoбeдaтa нa Paма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиер Зоран Заев му ја честита победата на лидерот на албанските социјалисти Еди Рама, со која тој обезбеди трет последователен мандат.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, победата на Рама му ја честиташе на албански јазик, пренесуваат албанските медиуми, наведувајќи дека Заев е меѓу првите кои му ја честитата убедливата победа.

Потсетуваат дека Заев преку видеопорака ги повикал Македонците и дугите граѓани во Албанија да гласаат за Социјалистичката партија и за кандидатот Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), кој беше на кандитаската листа на оваа партија во округот Корча.

Посочуваат исто така дека „двајцата лидери имаат голем придонес во унапредувањето на билатералните односи и соработка во интерес на граѓаните на двете земји“.

Социјалистичката партија на неделните избори освои 74 од 140 пратенички мандати колку што брои албанскиот парламент.

Победата на Рама му ја честитале и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, италијанскиот министер за надворешни работи

Ди Маио и лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This