3aeв открива: Се менува моделот на кој што ќе се гласа на престојните локални избори

Големите парламентарни политички парии имаат постигнато договор за отворени листи на локалните избори, откри денеска премиерот Зоран Заев.

Тој потенцираше дека истото не е официјализирано, но треба истото да се продискутира и со помалите партии.

– Се работи за отворени листи на кои ќе се гласа за листата со една преференца. Притоа, предлогот е да има праг од 3 проценти. Кога би биле 16.000 избирачи, 3% е околу 500 гласови, што би го качило кандидатот погоре на листата.

Додаде дека малите партии имаат резерва за предлогот бидејќи го сметаат како неправеден.

– Треба да се види дека правиме демократски исчекор и го поздравувам потегот што ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа предлогот, истакна Заев, додавајќи дека според него истиот ќе ја унапреди демократијата.