October 18, 2021, 1:34 am

3aeдничка Maкедонија се вpaќа на улицете: Илиевски и Дамовски најавија вpaќање на улиците за cлoбода на ocyдените за 27 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца од организаторите на протестите на иницијативата ‘За заедничка Македонија’, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, најавија дека се враќаат на улиците и се придружуваат на протестите преку кои се бараше слобода за осудените за настаните во Собранието на 27 април.

Организаторите велат дека не биле политички изманипулирани во 2017 година, а протестите кои тогаш ги предводеа, ги нарекоа најмирни и најдостоинствени во историјата.

„ Предупредуваме дека борбата за вистината нема да престане. Слободата е единствена правда за неправедно осудените. Затоа се придружуваме кон барањата за реотворање на процесот, за оние кои се неправедно осудени, да ја добијат својата слобода, па во фер постапка да се утврди кој за што има вина, а кој е жртва на политичко-судскиот терор во Македонија. Исто колку што е важно секој да си ја добие заслужената казна, многу поважно е целиот македонски народ да ја добие вистината која ја заслужува, откриена таква каква што е. Над 30 илјади граѓани кои се појавија на семакедонскиот протест за правда, стотиците илјади од домовите кои поради околностите поддршката ја дадоа на друг начин, потврдија дека идеите на граѓанската иницијатива ‘За заедничка Македонија’ се живи. Од нас како едни од иницијаторите на најголемите и најмирни протести во историјата на Македонија, а кои за жал беа злоупотребени, луѓето кои излегоа во неделата и покажаа дека и по сите овие години не се откажуваат од македонското достоинство, правда и слобода, го заслужуваат најголемото признание, благодарност и уважување, еднакво како и иницијаторите на протестите, а тоа се Македонците низ целиот свет“, рече Илиевски.

Прашан дали бил политички изманипулиран, тој рече: „ Ние сме доволно возрасни и искусни да не можеме да бидеме изманипулирани од никаква политичка сила. Ние сме излегле на улица и претходно. Не бевме изманипулирани, туку беа злоупотребени протестите кои што беа автентични како реакција на огромен дел на македонските граѓани. Не можете човек кој што си ја сака татковината и на достоинствен начин се труди и повикува да се бориме за права“.

Latest News

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од...

More Articles Like This