April 26, 2024, 11:21 pm

3aeв бега од Мицkocки: Не гледам потреба од лидepcка средба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не гледам потреба од лидерска средба, одговара Зоран Заев по вчерашното барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба во врска со преговорите со Бугарија.

„Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање“,вели Заев во изјава за ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вчера преку медиумите повика на лидерска средба бидејќи според него сериозни прашања треба да се решаваат на такви средби.

Тој дури рече оти смета дека се потребни не една, туку повеќе лидерски средби од кои заеднички ќе излезат со решение пред граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This