3aeв: Во моментов Владата нема други решенија и ги чека форензичките наоди за да одлучи за ocтaвките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев при денешната посета на Штип порача истрагата за пожарот во мкодуларната болница за ковид-пациенти во Тетово за да може да одлучи дали ќе ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче, заменикот Илир Хасани и двајцата директори.

– Јас само ќе го повторам тоа што веќе го кажав. ќе ги чекаме форензичките наоди и вештачења, вклучувајќи ги и оние на германските експерти, постапката ја води јавното обвинителствио, јас само барам експертски и целосно да се заврши и колку што е можно побрзо. Кога ќе завршат вештите наоди, тогаш јас ќе го кажам своето мислење за сите четири оставки, одговори Заев на новинарско прашање.

Премиерот додаде и дека Владата во моментов нема други решенија како замени за Филипче, Хасани и двајцата директори и затоа не брза да ги прифати оставките.

Тој додаде дека во моментов се прави мониторинг на модуларните објекти и проектите поврзани со истите. Заев рече дека тие се времено поставени објекти и затоа темата е чувствителна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This