3aeв: Да ги зaштитимe нaшитe интepecи водejќи гpижa и за интepecите на бугарската стpaна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев не ја коментира конкретно изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за наводен нов договор со Бугарија, за што синоќа јавно упати прашање до шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

„Тоа што го спомна господинот Мицкоски, не знам на што точно мисли, но ние имаме разговори, мора да ги дадеш формулациите со кои се разговара, јас не би ги коментирал. Одговорни сме, сакаме договори, земјата да ни оди напред и ги даваме сите максимални напори и посветеност, позитивни апсирации, внимание, пријателство, дух, за да ги постигнеме договорите.

Секако, она што е најважно за нас е да ги заштитиме максимално нашите интереси, но водејќи грижа и за интересите на бугарската страна“, рече Заев.

Премиерот повтори дека ако Бугарија остане на истите ставови јавноста треба да се подготви дека меѓувладината конференција со ЕУ нема да се одржи во декември, пренесе Радио слободна Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This