April 25, 2024, 11:41 am

3aeв дyшо нaпатена, лесно е: Вpaти го Гpyјо и отстапи ја фотелјата, Миле за 30 минути ќе набави канадери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев, душо напатена… Лекот е понекогаш пет пари. Викни го Груевски да дојде итно. Предај му ја функцијата премиер.

Он ќе го викне Миле Ми Текна од затвор, ќе му каже да купи пет нови канадери. Нема допрва да ги поправа расипаните.

Овој како што нема работено пет години, умрен за работа, ќе ги купи за пола саат и ќе го изгасат пожарот.

Викни си го Груевски.не е тоа срамно. Ти си експерт за ајвар и коноп. Остави му го другото на Груевски да го сплеска додека си кажал “мамицатанашанеспособна”

Посрамно е постојано да го молиш Вучиќ за милостина… А уште посрамно е да ги молиш Бугарите, пишува на Фејсбук актерот Сашо Тасевски.

Претходно актерот Сашо Тасевски, кој важеше за голем критичар на минатата власт, со отворено писмо се обрати до поранешниот премиер Никола Груевски.

-Груевски друже, Многу сум ти кабает. Кога владееше пишував против тебе нон стоп, ти се намерачив некако. Ти пишав и едно писмо колумна, имаше 70 илјади прегледи колумната. Од гомно подоле те направив, сега гомна со две раце да јадам. Како рука не ми се исуши тогаш.

Требаше друже да си останеш на власт уште 50 години. Ни лук јал, ни ќебапи. Вака те сменија и си замина. Будаливе веруваат во багажник си избегал, ама ти со авион си отиде ко господин.

Што да ти кажам?

Како да те погледнам однапред? Како да те погледнам одзади? Срам ми е.

Овие што те сменија, за срамно влакно на магаре не ги бидува. Се спроведоа ко што им рече. Сменија име, презиме, продадоа историја, идентитет, народ, малцинството наше кај соседите, децата и внуците ги продадоа и нивната идна челад. И Тиранската платформа најзгора ја спроведоа. На вакви квислинзи и оној вистинскиот Квислинг Норвежанецотби им позавидел.

Ама сврши песната. Бидна. Македонија роди копилиња кои ја раскрчмуваат секоја секунда, илјадници секунди во денот.

И ништо не успеаа да докажат против тебе. Ниту едно кривично дело врзано за оние тешки милијарди кои наводно си ги украл. Така се колнеа, гавран јазик да им исколва. Мозокот одамна им е исколван.

Ти како си? Како е времето во Пешта? Овде е темно, секој ден е ноќ да му ебеш матер.

Ти поседи си таму уште некое време, па врати се, ко ќе ти здосади. Ќе те пречекаме со георгини или вртипоп, зависи колку пари ќе ни останат до твоето враќање. А како тргнало, изгледа голи и боси ќе те пречекаме.

Тоа е друже. И ако можеш прости.., напиша Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This