3aeв: Извозот на сув цвет од kaнабис во ЕУ станува реалност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност. Упатувам честитки за првата македонска компанија – НЈСК Холдинг, која вложува во најсовремени стандарди за ваков вид фармацевтско производство и која доби лиценца за извоз на европските пазари, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

Владата и надлежните институции, Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства даваат поддршка, со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи.
Имаме намера да основаме неколку фондови од дополнителните даноци што оваа индустрија ќе ги плаќа кон државата и со тоа кон граѓаните како резултат на профитот од извозот на цветот од медицински канабис. Од нивните давачки кон државата ќе ги поддржиме лекувањата на лицата со ретки болести, ќе основаме медиумски фонд за продукција на домашни содржини, како и проекти од областа на културата, спортот и проекти на граѓанскиот сектор, но и работата на Агенцијата за канабис.

Оваа можност ќе ја обезбедиме низ строга регулатива исклучиво согласно ЕУ стандарди и правила.

Од економски аспект, извозот на цвет од канабис за медицински цели значи и нови инвестиции, развој и стимулира отворање нови високоплатени работни места. Да бидеме пред останатите во регионот, да ги следиме современите текови и економските преструктуирања, бидејќи одредени индустрии, може и тоа како да ја поттикнат домашната економија и да помогнат.

Во таа смисла, ја поздравувам и поддржувам и работата на работната група за декриминализација на канабисот координирана од Владата и верувам дека низ инклузивен процес ќе се дефинираат најдобрите решенија за користење на медицинските и економските бенефити од билката канабис, пишува Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This