3aeв му пиша на цариградскиот патријарх: Православниот народ во нашата земја заслужува автокефална црква

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев испрати писмо до неговата светост, патријархот Вартоломеј, поглаварот на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул на која беше побарана негова асистенција и заложба Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да биде признаена како автокефална црква и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

– Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот – се вели во писмото на премиерот Заев до Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност што ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This