3aeв: Навистина нe e yбаво на таблите во Грција да пишува ФИРОМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајцата креатори на Преспанскиот договор, премиерот Зоран Заев и поранешниот претседател на грчката Влада, Алексис Ципрас, деновиве повикаа да се заокружи имплементацијата на договорот што и го одблокира патот на земјава кон евроатлантските интеграции.

Одредени обврски ги очекуваат и двете страни, а премиерот Заев потенцира дека на патоказите и останатите знаци во Грција, повеќе не смее да стои кратенката „ФИРОМ“, бидејќи, како што вели, таа е одамна замината во историјата.

-Тоа што е важно за целиот наш народ треба да го знае дека повеќе не сме ФИРОМ на кајроните, но исто така со народните кодификации или кодови МК и МКД и во едни такви околности јас само можам да кажам дека очекувам и грчката страна соодветно да продолжи како што е нашето очекување тој еден или два знаци се ФИРОМ кој што постојат да ги тргнат, не е коректно да пишува Турција, Бугарија и ФИРОМ, или не е коректно да пишува Турција, Бугарија и Скопје, треба да пишува Северна Македонија, ФИРОМ навистина треба да се тргне, порача Заев.
Претходно и Ципрас истакна дека нема промена на дел од патните табли и се чини дека топката се подава од локалната кон централната власт

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This