3aeв koнечно си призна што му е најважно: Ќе отворам дебати за дekpиминализација на мapиxуаната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев најавува дека во следниот период ќе се отворат дебати во јавноста со цел подобрување на економијата, но и решавање на дел од постоечките проблеми.

Тој во гостување на Алсат рече дека дел од темите ќе бидат и декриминализација на марихуаната, решавањето на возилата со странски регистерски таблички кои одбегнуваат регистрација во земјава, но и да се види зошто угостителскиот бизни многу малку учествува во бруто-домашниот производ.

Дебата за повеќе теми меѓу кои за искористеноста на државното земјиште, но и за легализација на марихуаната планира да отвори Владата во следниот период. Премиерот Зоран Заев синоќа при гостувањето во Економски магазин на Алсат М изјави дека треба да се дебатира за легализирање на парите коишто се надвор од тековите, освен оние коишто се криминални и за коишто има процеси.

„Да отвориме дебати, да го слушнеме општеството. Да видиме зошто угостителството толку малку учествува во БДП, а во европските земји тоа е многу повеќе. Да разговараме како тоа да го подобриме. Ќе ја отвориме и темата за приватизација на државно земјиште“, додаде Заев.

Тој смета дека во погон треба да се пуштат сите домашни ресурси, бидејќи сега земјата е во позиција која мора да ја искористи

„Дали ќе правиме нешто со декриминализација на марихуаната? Ги нафрлам како теми. Ние немаме став, ние сакаме да го слушнеме општеството, да ги пуштиме во оптек сите наши ресурси, затоа што реков неповторлив е периодов, Европа е тука, еве определени се милијарди за регионот, сѐ вредеше ова целото, создадовме одлични околности, рече Заев.

Тој рече дека се претпоставува дека има најмалку милијарда и петстотини евра коишто се надвор од тековите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This