3oштo вoздyхoт вo Скопје e тoлкy зaгaдeн?: Имa ли peшeниe?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот завод за ревизија констатира потфрлање во решавањето на клучниот проблем на македонските граѓани, загаденоста на воздухот. Мерките кои се преземени во последниве три години не го променија значително квалитетот на воздухот кој го дишеме, надзорот и контролата се на ниско ниво, а финансиите кои централните и локалните власти ги издвојуваат за решавање на овој проблем се незначителни, се вели во конечниот извештај за степенот на имплементација препораките на ревизорите од 2017.

Малиот буџет кој се издвојува за борбата против загадувањето е причина, што и понатаму просечните годишни концентрации на ПМ10, во голема мера ги надминуваат утврдените гранични вредности во сите мерни станици, освен станицата во Лазарополе, стои во извештајот на ДЗР.

Во извештајот е констатиран одреден напредок во однос на изработката на планските документи на локално ниво, но и понатаму најголем број на општини кои имаат високо ниво на загадувачки супстанции немаа изработено планови за подобрување на квалитетот на воздухот.

Голем проблем е недостигот на  стручен кадар во креирањето и спроведувањето на политиките за подобрување на квалитетот на воздухот.

Мониторингот на имплементацијата се врши нередовно и нецелосно, најчесто само на барање на невладините организации, ЕУ, и медиумите, велат ревизорите.

Од вкупниот број надзори во 2017, 2018 и 2019 година, се додава во извештајот, и понатаму незначителни 1% извршени се по Законот за квалитетот на амбиентниот воздух.

Државниот завод за ревизија посочува дека проблемот со загадувањето на воздухот бара системски интегриран пристап од сите засегнати страни на подолг рок.

Препораката е да се зајакне административниот капацитет, да се донесат законските решенија за квалитетот на воздухот и инспекцискиот надзор во животната средина, и дасе воспостави Национален информативен систем за животна средина и целосна база на податоци за Катастарот за животна средина, систем за подготовка и следење на планските документи и обезбедување на потребните финансиски средства за нивна реализација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This