4 ГОДИНИ ЈАНЕВА НЕ ПОКРЕНАЛА ИCTPAГА ЗА ВЛАЖНАТА ПЕТAPДА НА ЗАЕВ: Паниkaта на Бихаќка предизвикува очajнички потези бидејќи Милошоски ги отвори како пупка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите „бомби“ стопроцентно се предадени во Специјалното јавно обвинителство, изјави Зоран Заев, прашан дали може да гарантира дека бомбите на Ел Чека не се излезени од СДСМ на 6 јуни 2019 година. Својот став во однос на бомбите го повтори и на 20 февруари 2020 година кога тој сведочеше за случајот „Монструм“.

Но вчера, случајно или не откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски се претвори во ноќна мора на Зоран Заев, одекнаа нови бомби кои повеќе наликуваа на влажни петарди, а кои пак отворија повеќе прашања отколку што дадоа одговори.

СЈО како институција постои уште од 2015-та години што значи дека обвинителството имало ефективни 4 години да ги истражи навоидите на СДСМ за криминал во вчера објавената бомба. Тоа што СЈО не започнало никаква истрага за разговорот кој вчера беше емитуван за широките народни маси говори доволно дека во истиот не постои никаков криминал. Треба да имаме во предвид дека обвинителството на Јанева се фаќаше за сламка, правеше се што може користејќи ги нелегално снимените разговори за да смести човек повеќе во затворите во Македонија, без исклучок сите беа членови и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Факт е и дека СЈО во 4 години не докажа никаков криминал во ниту еден од случаите против високите функционери на опозицијата и покрај монтировките.

Милошоски беше жесток критичар на СЈО уште од самиот старт, тој не пропушташе прилика да ја оцрни Јанева и нејзиниот тим, а мора да се напомене дека критиката беа основани имајќи во предвид дека од нивната работа никаква корист немаа граѓаните, а резултатот на нивното работење беше политичкиот прогон, рекетирањето и огромните бонуси со кои сите без исклучок во СЈО го оштетија буџетот на Република Македонија и граѓаните за милиони евра. Јанева и СЈО и покрај овој факт не покренале предмет за споменатите снимки за Милошоски, што пак значи дека тука случај нема!

Ова е дополнителен доказ, дека како што посочи Милошоски станува збор за еден очајнички потег на З.З кој што ја губи контролата и е свесен дека после 12 април ќе треба да одговара за сторениот криминал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This