40 МИЛИОНИ РУСИ УЧЕСТУВААТ ВО ВОЕНА ВЕЖБА: Русија ги предупреди граѓаните на нуклеарна војна – организирана вежба за граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неверојатна бројка од 40 милиони Руси од сите нивоа на владината администрација беа дел од граѓанската вежба за „итна евакуација“

ruska_vojska-parada

Федерални агенции, челници на региони, локални власти и други оргнизации земаа учество во масовните вежби кои се одржуваат од 4-ти до 7-ми Октомври. Симулацијата ќе вклучи 200.000 „професионални екипи за спасување“ и 50.000 парчиња опрема – пренесува Интерфакс.
„Абнормални итни служби за спасување“ ќе одржат воени игри за вежбање на процедури за евакуаија во случај на национална криза, според извештајот.

Според Олег Мануилов, шеф на Рускиот Цивилен Одбрамбен департман, вежбата ќе биде тест за тоа како популцијата ќе реагира при случај на катастрофа, под „итна“ состојба.
Вежбата се одржува во ситуација на зголемена тензија помеѓу САД и Русија.

Како што беше соопштено минатата недела од страна на портпаролот, кој во заканувачки тој соопшти дека „поединечни руски градови може да бидат жртви на терористички напади, доколку Владимир Путин ја продолжи воената кампања во Сирија“.

Во меѓуврме Русија ги предупреди своите граѓани дека нуклеарна војна со Западот би можела да биде неизбежна, и предизвикана од конфликтите на Блискиот Исток. Звезда, национална телевизија под контрола на руското Министерство за одбрана, минатата недела соопшти дека „Шизофрениците од Америка ги острат своите нуклеарни оружја за Москва“.

Властите изјавија во петокот дека се изградени подземни засолништа за 12 милиони луѓе, доволно за целата популација на Москва.

„САД и Русија сѐ уште имаат повеќе од 1.500 боеви глави на неколку стотици бомбардери и проектили, многу повеќе од потребното за одвраќање нуклеарен напад, и во моментов ги модернизираат нуклеарните капацитети“, соопшти Асоцијацијата за контрола на оружјето.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This