41 КАНДИДАТУРА ЗА ЧЛЕНОВИ НА ДИК: Поранешни директори и пратеници се кандидирале за членови на ДИК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќемина поранешни пратеници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат на списокот до 41 кандидат, колку што се пријавиле на конкурсот за членови во новиот состав на Државната изборна комисија, која треба да го спроведе престојниот референдум за името.

Меѓу пријавените е поранешниот претседател на ДИК Борис Кондарко, поранешниот пратеник од СДСМ Јанаќе Витановски, кој сега е раководител во администрацијата на ДИК, како и поранешните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Дерковски и Светлана Карапетрова.

Меѓу кандидатите има и други познати имиња, како на пример Марина Наќева Кавракова, која беше претседателка на Комисијата за хартии од вредност, Југослав Миленковиќ, кој беше портпарол на Уставниот суд, Чедомир Дамјановски, поранешен член на Комисијата за лустрација…

Инаку, Собранието треба да избере четворица членови на ДИК од мнозинството и тројца од опозицијата, од каде што ќе биде и претседателот на Комисијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This