Дpaмa во Драчево – пoлицajци од 6-та Управа нaпaднaлe деца кои славеле роденден во кафуле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се случувала во Драчево (17.10.2020) околу 23.00 часот во кафулето „Сторија“ откако дошло до инцидент помеѓу гости во кафулето и полициски службеници.

Според информациите на „Инфомакс“, до инцидентот дошло во моментот кога лице вработено во 6-та Управа нападнал и со шлаканица удрил едно од присутните лица, кое во кафулето било на приватна прослава. Откако гостите му се спротивставиле, напаѓачот извадил полициска легитимација и почнал да се заканува со апсење на лицата.

Напаѓачот, извесен „Шанац“ со иницијали Б.С. според информациите на „Инфомакс“, е лице кое во повеќе наврати ја злоупотребува полициската легитимација откако под дејство на алкохол се заканувал на граѓани.

Освен Б.С. на лице место во кафулето бил уште еден полициски службеник со иницијали К.С., кој му асистирал на „Шанац“ заканувајќи се со апсење и ќотек на присутните гости.

Двајцата, обвинуваат гостите кои биле нападнати во кафулето, се лица активисти на владејачката СДСМ.

Од МВР за „Инфомакс“ информираа дека таков настан е пријавен, и најавија опсежна истрага и внатрешна контрола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This