По настаните во Вашингтон Германија ќе го засили обезбедувањето во Бундестагот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долниот дом на германскиот парламент Бундестагот сериозно размислува да ја зајакне својата безбедност по инцидентот во американскиот конгрес во саботата. Таа можност се разгледува бидејќи активистите против носење маска се обидоа да упаднат во зградата на крајот на август.

Претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле, денес изјави дека сака да разговара за безбедноста на парламентот со службениците за безбедност на парламентарните групи и со градските власти на Берлин и Министерството за внатрешни работи, пренесува Б92.

Во саботата, во Вашингтон, милитантите поддржувачи на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упаднаа во КОнгресот, при што агинаа четири лица, а внатрешноста на зградата беше делумно оштетена.

„Веќе побаравме извештај од Германската амбасада во Вашингтон за тоа како дојде до насилниот инцидент во Капитол Хил“, додаде Шојбле.

Бундестагот, лоциран во срцето на Берлин, во близина на Бранденбуршката порта, беше мета на обид за упад на противници на епидемиолошки мерки на 29 август минатата година, но полицијата успеа да ги спречи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This