(Видео) Илјадници на улица, Австријците се кренаа пpoтив кopoна мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австриската влада воведе трет карантин кон крајот на декември за забавување на пандемијата.

Затворени се сите непотребни продавници, културните објекти, спортските сали, училиштата и универзитетите.

“Податоците за мртвите се глупости. Не сакам да завршам како во Кина каде ништо не е дозволено”, рече Габи стоејќи покрај натписот “Вие сте болест, ние сме лек”.

“Ние пораснавме! Цело време излегував веќе една година и не бев заразена со коронавирус. Не доаѓа предвид да се вакцинирам”, додаде таа.

Мавтајќи со австриски знамиња, повеќето учесници не носеа маски и не почитуваа дистанца.

Поранешниот заменик-канцелар на крајната десница, Хајнц-Кристијан Страхе, исто така без маска, исто така присуствувал на митингот.

Наспроти овој, митинг за поддршка на рестриктивните мерки бил организиран од екстремно левичарските активисти, на кои биле собрани околу 500 луѓе.

Австрија има 8,9 милиони жители, а денеска имало вкупно 7053 смртни случаи од ковид-19.

Експертската група му препорачала на австрискиот канцелар Себастијан Курц да не ги укинува ограничувањата на 25 јануари како што било планирано затоа што бројот на заразени не се намалува , а новата британска варијанта на вирусот се шири побрзо.

Научниците советувале работата од дома да биде задолжителна и да се продолжи карантинот.

Владата утре ќе ги објави новите мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This