April 20, 2024, 12:34 pm

Јаулески оствари средба со Гир: Младите се приоритет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес како координатор на Клубот за младински прашања и политики во рамки на Собранието на Република Македонија остварив средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир.

На средбата се осврнав на работата и составот на клубот, неговите надлежности, приоритети и активности кои се планираат во периодот што следи. Го информирав соговорникот и за вклученоста на младите во процесите на носење одлуки и важноста на Законот за младинско учество и младински политики и неговата имплементација, напиша Јован Јаулески.

-Младите се приоритет и заеднички разменивме ставови и размислувања во однос на идната соработка помеѓу Клубот за младински прашања и политики и Делегацијата на ЕУ и се заклучивме дека соработката и во иднина треба да се продлабочува, посебно во делот на размена на искуства и имплементирање практики од Европскиот парламент и размислувања во насока на донесување квалитетни закони кои се во интерес на сите млади, вели Јаулески и додава:

„Ги изразив моите лични впечатоци за начинот на кој се носат законите во Собранието на РМ и потребата од донесувања закони кои што се во интерес на сите млади во Македонија и креирањето младински политики. Исто така, информирав дека приоритет на клубот во наредниот период ќе биде надзорот на имплементацијата над Законот за младинско учество и младински политики“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This