Hитy дokтopитe добиле нaгpaди, нитy 100.000 денари плата, нитy пак имаме здpaвcтвeн cиcтeм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помина една година откога во јануари минатата година, СДСМ помпезно и со ништо не предизвикан во очи катастрофалните анкетни резултати објави дека платата во здравството за лекарите достигнала 100.000 денари и го извадија слоганот „Можеме“.

Дека се работеше за само сувопарна прокламација и партиски памфлет, веќе повеќе од јасно, но кога во серија неколку денови во јануари 2020та година тоа ќе се повтори очигледен беше меурот кој се дува, па одлучивме и тогаш и денес да истражиме зошто всушност се фали Филипче постојано дека ги зголемил платите.
Реалноста е повеќе од поразителна, па не е ни чудо што постои толку поделеност во лекарската фела бидејќи со секоја од интересните страни и бранши Филипче има навика да склучува различни договори и услови.

Во македонскиот здравствен систем има вкупно околу лиценцирани 6000 доктори, од кои околу 1000 доктори се во приватниот сектор, 1700 се матични доктори, околу 3500 – 4000 се доктори во јавниот сектор.

Кај матичните доктори состојбата е очајна. Најавените покачувања, матичните лекари, најавуваните зголемувања во октомври, ги имаа добиени во јануари 2020 година за 15 % поголеми односно од првичните 55 денари на 63 денари.

-Ако секоја година ја покачуваа капитацијата за време на нивниот мандат согласно ветувањата кои ги даваа, ние ќе имавме двојно зголемена капитација.

Матичните лекари и покрај кажаното на прес конференциите на Венко Филипче, не ги ни сметаат ниту за продолжена рака на Ковид – центрите и истите немаат ништо добиено. Иако тие беа на огнена линија со пандемијата.

„После секој примен петти пациент, цела ординација се дезинфицира и секоја површина. Се исфрлаше посебен отпад и вреќите во кои се фрлаше отпадот од истата. Самите си обезбедивме средства за дезинфекција, за заштита маски и визири. Единствената помош која ја добивме од министерство беа 50 маски кои уште 5иот ден беа потрошени. Впрочем и како изборното ветување дека капитацијата ќе биде 90 денари и цитирам „до крајот на првиот мандат“ – ни вели матичен лекар кој сакаше да остане анонимен.

Друг матичен лекар од градска средина ни објасни дека е точно за ветувањата на СДСМ уште во 2019 та година. „Јас ја имав надежта дека, ќе си стојат на ветувањата и дека ќе си стојат на зборот, но ете, испадна помала и тераме како што можеме. Ординацијата како матичен лекар и некогаш ми е неиздржлива, но се надевам дека ќе си стојат на зборот еден ден“ – вели друг матичен лекар.

Синоќа колешка испрати итно бабичка со 59 % сатурација и три часа никој не ја примал, и од брза помош однесена до клинички центар, од истиот центар никој не ја џпримил и барем да и дал кислородна поддршка и никој не ја примил.

Матичните лекари не се воопшто вклучени во добивање надомест за ковид ангажман, единствената помош која ја добиле се 50 маски кои матичните ги добија во време на донациите кои пристигнаа. Ние имаме околу 3500 пациенти во два тимови ги делиме во просек на матичен лекар.

Контактиравме и со специјалист доктор кој ни објасни дека специјалистите добиле покачување на дежурствата, но не и на основната плата – спротивно од ветеното. На специфични клиники и специјалистички услови, платата изнесува, од 45.000 до 70.000 денари.
Го прашавме за состојбите и кои се докторите кои земаат плата од 100.000 денари.

„Бидејќи ми се колеги, би сакал да останам анонимен, но реално кога на прсти се бројат докторите кои успеале да земаат 100.000 денари. Треба да е универзитетски професор на клиника и воедно специјалист или да има некакво место или позиција и кој дома не се вратил од дежурство “ – ни вели анонимен доктор – специјалист.
„Неколку доктори само можат да земаат 100.000 со дежурства. И не е фер како е соопштено на пресконференција, луѓето ќе помислат дека бараме преку симит погача. Но сепак да каже дека лекарите добиле 100.000 денари плата е премногу вулгарно. Замислете, да можноста постои, одреден доктор да земе, но тоа исто времено ускратува можност други доктори да земат 100.000 денари плата – вели специјалистот. Е сега, кај малите хируршки клиники, односно таму каде има до 10 дежурачи, можни се 4-8 дежурства месечно со што има можност да се заработи скоро уште една плата. Но кај поголемите клиники со 20 и повеќе дежурачи, докторите може да имаат едно до две дежурства месечно. Во Здравствен дом дежурствата се на неколку месеци и сосема безначајни.

Медицинскиот персонал, еднократно мислам добија од 450 до 500 евра кој работеше во третман на лица со тешки состојби, и иако ја поздравувам одлуката, сметам дека е лошо и спротивно од ветеното и многу дрско направено што беше очигледна селективност. – ни одговори медицинска сестра која работела во ковид-клиниката.
Ризикот беше огромен, се соочивме со недостаток на персонал, едноставно персоналот почна да не напушта во приватен сектор каде и останавме со кусок од луѓе. Отидоа сестри во Ремедика, Систина, и други приватни болници, не сакам да ги именувам, прекрасни луѓе, но државното здравство остана на колена, од нереализирани ветувања изгубивме значајни и искусни кадри кои мораа да бидат надокнадени со лекари и доктори и сестри од внатрешноста.

„Она што се договоривме во сред пандемијата на состанок, им ветил Венко Филипче, истите нас не ,излажаа дека континуирано ќе добиваме зголемена плата, но испадна дека тоа е еднократно и за жал тоа е недоволно барем според мене – вели сестрата.

Со основна плата, функција на пример шеф на оддел или некоја друга позиција, можат тоа еден или двајца да земат, но далеку од тоа, нималку фер е одредени колеги да земаат таков додаток, а со тоа се ускратуваат средства за останатите.

На пример на состанокот одржан во клиниката 8 септември дури имаше и разгледување можност дека за да се реализираат одредени покачувања на основната плата, требало да биде сменет статусот од општа болница во клиничка болница, нешто што пак е веќе пропишано со закон и си има посебни услови кои тоа треба да исполни општата болница, што од страна на Венко Филипче беа ветувања неостварливи работи и тоа на зборот „ќе“ стана пракса – вели доктор присутен на ветеното од страна на Министерот.

Кога ми го формулираа тоа лани и го слушнав од медиумите (со насмевка во разговор ни вели доктор специјалист) знаев дека нема толку пари предвидено. Поарно да го слушав дека сака да ми даде повишена основна плата, и да сакам да ви дадам повишица, реално би се излажал иако знаев дека за такво нешто нема да има средства и дека се работи за нешто нереално.

„Дали некогаш министерство повикало на советување на персоналот и една дообука. Нашата обука, матичните лекари, немаат спроведено обука. Имено за докторите кои прв пат се соочуваат со оваа болест, надвор од постојните јавни препораки, не е одржана никаква обука на кадрите кои беа ангажирани, па неретко тие доктори кои прв пат се соочуваа со нешто што не им е специјалност и истите најчесто први беа заразени од ковид-19“ вели специјалист учествувал во справувањето со пандемијата.

И покрај тоа што исто се соочуваа во локалните ковид центри кои беа отидоа во приватен сектор, и не сака да чуе за работа во државен сектор, и отидоа во приватни здравствени организации“.

„Како доктор по договор знаев за кажаното и се надевав дека ќе се оствари, бидејќи мене не ме опфати никакво еднократно доделување средства или повишица иако бев во жариштето на ковидот. Реално не ни очекував искрено, целиот персонал се водеше по друга девиза, дека поважни се животите“ – вели соговорничката на „Инфомакс.“

„Со тоа што го ветија, прекршени се колективни договори кои Министерот ги преговарал со синдикати кои и да се појавел. Можеби подобро беше да се донесе лекс специјалис Закон за доктори, што можеби и беше едно од решенијата, а со тоа ќе беа задоволени и барањата на стоматолозите и фармацевтите кои иако не беа изложени директно на ковид жариштата во справување со заболените од ковид, сепак нивниот ризик при работа при што и некои колеги беа заразени од болеста, некои за жал и настрадаа и покрај сите превземени мерки за справување со пандемијата“ – вели соговорничката на „Инфомакс“, докторка, која исто така нагласи дека ниту едно од ветувањата не е исполнето.

Таа вели дека во најтешка состојба биле сите од медицинскиот персонал и доктори кои биле ангажирани со договори на дело, администрацијата на болниците и друг персонал кој и покрај тоа што директно не бил во болничката соба со болните, сепак нивниот труд не е беззначаен, а од сето тоа немаат добиено ништо.

Од ланското предизборно зголемување на плати за докторите, едно е најсигурно. Без оглед на тоа колку и како е ветено, зголемувањето е мизерно и ранг на капка во бара, што е најлошо истото е направено како еден вид манипулација на докторите и медицинскиот персонал, и покрај тоа тие неуморно се справуваа со ковид-19

Испративме прашања и до министерот за здравство Венко Филипче, кој иако најави одговори, по 24 часа, односно до објавување на овој текст не се пристигнати на нашата адреса.

Прашањата на кои баравме одговор се:

1. Дали обезбедивте 90 денари капитација за матичните лекари, согласно вашите предизборни ветувања?
2. Дали и колку специјалисти имаат земено 100.000 денари плата согласно пресконференцијата на СДСМ од 9 јануари 2020 година?
3. Колкав е износот основната плата на доктор, специјалист на хириршка клиника, без и со 4 дежурства во време траење од еден месец?

Одговор, нема.

П.Симеонов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This