5 трендови кај накитот кои ги обожаваат сите вљубенички во модата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Накитот говори многу за вас. Изразете ја индивидуалноста, истакнете го префинетиот вкус и покажете го изостреното чувство за мода преку накитот.

Брзо променливиот моден свет моментално ги фаворизира следниве трендови:

Модернизирани бисери
Бисерниот накит е класика, која веројатно ќе ја асоцирате со икони како Одри Хепберн и Грејс Кели, но моментално бисерите се актуелни во модернизирани варијанти.

Откако направија „камбек“ на модната сцена на кошули, блузи и фармерки, бисерите се вгнездија на современи форми на накит.


Белегзија која нижи лична сторија низ приврзоци
Најважните спомени раскажани низ парчиња накит. Овековечете ги најзначајните поглавја со приврзоци кои ќе ги нанижите на белегзија, која го симболизира вашиот живот.

Јубилеен роденден, љубовна годишнина, деловен успех, брак… Со секое постигнување во животот, ќе се збогатува накитот на рачниот зглоб и секојдневно ќе ве потсетува колку многу сте постигнале.




„Розово злато“

Префинетата нијанса на „розово злато“ неколку сезони е доминантна модна тенденција и продолжува да маѓепсува и на преминот од 2018 во 2019 година.


Кој може да му одолее на гламурозниот отсјај кој фузира женствена розова и аристократска златна боја?

Алки


Естетиката на 90-тите години стана хит, па сведоци сме на големото враќање на алките.

Кружните обетки, кои се синоним за стилот на ѕвезди како Џенифер Лопез и Бијонсе, добиваат попрефинет изглед и повторно царуваат.

„Персонализиран“ накит
Станете дел од светската манија прифатена од врвните модни куќи, кои непрекинато ги поставуваат своите логоа на централно место на модните креации.

„Испишете“ ги името, прекарот или иницијалите на накитот и носете ги со гордост како уникатен печат на вашиот стил.


Извор:femina.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This