5.000 ВОЈНИЦИ НА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА: Американската војска ќе испрати 5.000 војници во балтичките земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 5.000 американски војници ќе учествуваат во воените вежби во балтичкиот регион, изјави Доналд Трамп на крајот на состанокот со лидерите на Литванија, Летонија и Естонија

„Повеќе од 5.000 американски војници ќе се придружат на мултинационалните сили во воените вежби ‘Сајбер Страјк’, кои се најголемите вежби од ваков вид во балитчкиот регион“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Претходно Белата куќа соопшти дека САД на балтичките држави ќе им достави воена помош од 170 милиони долари. Тоа би требало да ги зајакне силите на Естонија, Летонија и Литванија.

Првиот заменик шеф на Воениот комитет на Советот на Федерацијата Јевгениј Сребреников наведува дека Русија ќе преземе возвратни мерки поради американската иницијатива за зајакнување на војската во балтичките джрави.

„Русија доста направи за зајакнување на своите воени единици долж западната граница. Меѓутоа, последната американска одлука ќе доведе до тоа Русија да превземе возвратни мерки во сферата на безбедноста и одбраната“, рекол Сребреников.

Тој нагласи дека Вашингтон не престанува со обдиите да го поткопа мултилатералниот светски поредок. Во таа цел, Американците го користат целосниот потенцијал на НАТО, смета Сребреников. Рускиот сенатор се пожали на тоа дла политиката на борба против Русија и понатаму е приоритет на елитата во САД.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This