April 25, 2024, 12:15 pm

50 ДЕНАРИ КАЗНА ЗА ОДЕЊЕ ВО ТОАЛЕТ: Модерни концентрациони логори во Македонија – текстилците не смеат да одат во тоалет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организацијата Гласен текстилец ја предупреди јавноста за сериозни прекршувањаа на работничките права во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Тие алармираат за случаи во Делчево, Кочани и Битола каде на работниците име се налага да враќаат дел од својата плата, што во суштина претставува кривично дело.

„Приоритет на организацијата ’Гласен текстилец’ се работниците и работничките од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, и веќе неколку години алармираме за најголемите прекршувања на работничките права во Македонија. Некаде работите се подобруваат, но некаде остануваат исти. На пример, имаме работнички во конфекции во Делчево, Кочани и во Битола, кои во разговор со нас, ни сведочат за примери за враќање на дел од платата назад кај работодавачот. Им објаснуваме дека тоа е кривично дело и дека работодавачот треба да одговара, дека треба да се известат институциите, за конечно, официјално да имаме еден пример како не треба еден работодавач да ги злоупотребува работниците, државата и законите, но стравот за егзистенција кај работничките е сé уште присутен“, вели во разговорот за Гласот на Америка на македонски јазик, Кристина Ампева, активист за работнички права од организацијата „Гласен текстилец“ од Штип.

Во конфекциската индустрија пак во Кочани на вработените им се налага дека во тоалет можат да одат само за време на паузите, а ако одат во тоалет повеќе од три пати за време на нивното работно време ќе треба да платат казна од 50 денари. Проблеми има и со основните работни услови како хигиена, јадење во близина на лепак за чевли кој е штетен по здравјето, а вработените неретко добиваат годишен одмор во времетраење од само 5 дена.

Во Кочани, на таблата за соопштенија во самата конфекција стои известување за работничките дека смеат да одат во тоалет само за време на паузите. Ако одат во тоалет над три пати, во текот на работното време, ќе платат казна во износ од 50 денари. Во истата конфекција, работничките работат од 6:30 до 15 часот, како и секоја сабота, а пред Инспекторатот изјавуваат дека работат од 7:30 до 14:30. И две недели во месецот им се задолжително работни. Имаме сознанија дека во одделни конфекции нема соодветно осветлување, ниту хигиенски услови, дека вработените јадат покрај лепакот за чевли. Она што се случува секоја година, со ретки исклучоци, е годишен одмор за работничките во конфекциите од само 5 работни денови. Знаеме за случаи дека работничките работат секоја сабота, дека не им плаќаат прекувремена работа, но сепак, не можеме да ги докажеме, бидејќи евиденцијата е во рацете на работодавачот и не е поврзана со друга институција“, изјави Ампева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This