April 25, 2024, 12:11 pm

50 ЛАЖГОВЦИ ВРАБОТЕНИ ВО ВЛАДА НЕ ГО ПЕРАТ РЕЗИЛОТ: Министерството за пропаганда на Роберт Поповски најми 50 пропагатори да лажат за средба која не се случила!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стивнуваат реакциите во јзвноста откако владата предводена од Зоран Заев предзивика невиден скандал со лажни трвдења дека македонскиот премиер вчера остварил средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во рамките на состанокот посветен на реформа на Обединетите нации што го организираше претседателот Трамп.

Министерството за пропаганда на Роберт Поповски најми дури 50 пропагатори, платени со народни за да ги лажат македонските граѓани за средба која воопшто не се случила.

Вчера попладне, македонскиот интернет-простор речис беше преплавен од постови и твитови на лица кои воглавно се вработени во владиниот сектор за информирање со јавноста, кој е под палка на Роберт Поповски, а кои лажно лиферуваа информации дека Заев остварил средба со Трамп.

Сепак, на лагата и се кратки нозете и излезе на виделина дека немало никаква средба на Заев со Трамп, туку само ракување од половина секунда, кое го фотографира, верувале или не,шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Заев и пропагаторите на Роберт Поповски, платени со народни пари се обидиа да ги излажат македонските граѓани дека тој остварил средба со претседателот на САД, на која дури и било разговарано за неколку битни теми. Сепак, реалноста е дека за половина секунда ниту здраво не може да се каже.

-Заев, како што информираат од неговиот Кабинет, на средбата изразил поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН, информираа сдсмовските медиуми кои само станаа соучесници во лажењето на македонските граѓани и кои доколку имаат доблест, треба да се извинат за ваквите лаги.

На видеото објавено од „China Xinhua News“ може да се види дека на 1:21 претседателот Трамп пристигнува да се поздрави со политичарите, а премиерот Заев од позадина чека за да се поздрави со претседателот на САД. Поздравувањето или како што тоа го нарекува премиерот Заев, „средбата“ со Трамп трае едвај половина секунда, а министерот Димитров фотографира.

Веќе следната секунда Трамп со поздравува со друга личност. Навистина е интересно како успеал Заев да разговара со Трамп за половина секунда, и притоа на средба да изрази „поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН“.

Се­кто­рот за ин­фор­ми­ра­ње на јав­но­ста со 50 ли­ца пре­ку еден цен­тар ќе ги ко­ор­ди­ни­ра си­те ин­фор­ма­ции што ќе ги да­ва­ат вла­ди­ни­те те­ла. Со дру­ги збо­ро­ви, се фор­ми­ра ми­ни­стерс­тво за про­па­ган­да, кое, во се­кој слу­чај, ќе са­ка да пла­си­ра са­мо по­зи­тив­ни ин­фор­ма­ции за вла­да­та, а, во исто вре­ме, ќе ги бло­ки­ра ми­ни­стерс­тва­та и дру­ги­те ин­сти­ту­ции да да­ва­ат на­вре­ме­ни ин­фор­ма­ции, кои мо­жат да ѝ на­ште­тат, пишуваа дел од медиумите нарекувајќи го ваквиот центар министерство за пропаганда со кое ќе раководи Роберт Поповски.

Бубо Каров, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Никола Наумовски, Мирослав Грчев, Петрит Сарачини, Нора Шаќири, Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Бранимир Јовановиќ, Дарко Лешоски, Влатко Васиљ, Јована Аврамчевска, се само дел од владините платеници кои плукањето по претходната влада го наплатија со државна плата.

Наместо да работат во интерес на граѓаните, од кого се платени, истите овие лица работат само во функција на пропагандата на Роберт Поповски, меѓу кои дел од нив да шират лажни вести и да ја лажат јавноста за средба која воопшто не се случила.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This