April 25, 2024, 12:28 pm

(Видео) Мицкоски: Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа, во дневна соба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие криминалци 4 години само ја пустошеа и пљачкаа Македонија. Ајде да зборуваме за 16 милијарди евра на граѓаните. Ајде да зборуваме за новиот долг, 4.500 евра го задолжија секое семејство. Што ветуваа, а што направија? Се сеќавате на ветувањата за 500-600 километри автопат, тие не можеа со бела лента да го обојат веќе направениот автопат од владите на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во скопски Карпош.
„Тие само потрошија 16 милијарди пари на граѓаните, да зборуваме за 6 илјади фамилии кои ги завија во црно, повеќе пд 6 илјади граѓани починаа од корона, ајде да зборуваме за економија ги ветуваа Гугл, Фејсбук, Икеа. На дното сме по домашни и странски инвестиции. Осум од 10 мои студенти ја напуштаат Македонија”, кажа Мицкоски.
Мицкоски се осврна и на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, а и кандидат за градоначалник на Скопје и на овие избори.
„Еден мал Зоран, оној Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа во дневна соба. Скопје е единствениот град каде се гради мост од Аеродром до Ќерамидница и завршува директно во семејна куќа. Нема друг таков пример, само Петре може да изгради таков мост”, рече Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This