(Видео) Cyдири меѓу демонстpaнтите и полицијата во Турција, yaпсeни десетици лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската полиција вечерва го прекина протестот против владините политики и зголемените трошоци за живот во Истанбул и уапси повеќе од 30 демонстранти.

Демонстрантите, главно членови на левичарски групи, почнаа да се собираат во истанбулскиот кварт Кадика, кој се наоѓа во азискиот дел на градот, кога интервенира полицијата.

Демонстрантите барале владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган да поднесе оставка.

Повеќе од 30 лица се приведени, соопштија новинарите на Асошиетед прес од местото на настанот.Протестот доаѓа во време на зголемена инфлација која сериозно ја поткопа турската куповна моќ, високата невработеност и рекордниот пад на лирата по серијата намалувања на каматните стапки.

Од почетокот на годината турската валута загубила 70 отсто од вредноста.Минатата недела Централната банка ја намали каматната стапка, како мерка за стабилизација на валутата и инфлацијата, од 16 на 15 отсто.

Протести се одржале и во Анкара и други турски градови, објави Биргун.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This