5,600 ЕВРА ОД НОЌ: Тачи на летување во луксузна вила во Турција со приватен батлер и јахта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Косово, Хашим Тачи со своето семејство е на одмор во Бодрум, Турција, во еден од најексклузивните хотели, односно вили, каде што ноќевање чини најмалку 5.600 евра, пренесува Танјуг. Тачи, притоа, на располагање има еден батлер, јахта и помошник на плажа.

Косовскиoт премиер во оcтaвка, Рамуш Харадинај пак, се одмора во Црна Гора.

Добро утро од Вусање, од поранешниот премиер на Косово, кој пристигна кај вујкото, се вели во коментар на една Фејсбук-страница, објавен со фотографија на која Харадинај позира во градината пред една куќа.

Харадинај неодамна беше во Хаг на сослушување, поради што и поднесе оcтавка на местото премиер. Изворите говорат дека тој ќе има неофицијални средби и разговори со албанските политичари во Црна Гора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This