March 28, 2024, 11:20 am

Шест делови од телото кои никако не смеете да ги допирате со прстите, а тоа го правите цело време

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето, кога им е досадно, ја допираат устата или очите повеќе од 20 пати за еден час, а дури една третина од сите зарази и болести се шират токму така.


Истражувањата покажале дека рацете се најчести преносители на бактериите поради кои се раболуваме. Дури и кога редовно ги миеме рацете, со дланките и прстите допираме различни површини во околината и така го доведуваме своето здравје во ризик.

Овие делови од телото би требало да ги допирате многу внимателно.

1. Лице

Допирањето на лицето со прсти би требало да се сведе на минимум, односно да се ограничи на утринско миење, шминкање и мачкање со креми. Кога допирате валкана површина, а потоа го допирате лицето, во опасност сте од кожни инфекции, или во најмала рака добивање на мозолчиња.

2. Ушна школка

Ставањето на прсти или стапчиња во ушната школка го загрозува здравјето на ушниот канал, затоа што кожата на овој дел од телото е исклучително тенка и склона кон воспаленија. Често шешање во ушите може да биде причина за многу медицински состојби кои бараат соодветен третман. Затоа, ако често чувствувате чешање во ушите, подобро е да посетите медицински експерт, отколку да се обидувате да направите нешто сами.

Рацете се најчести преносители на болести, па би требало да го ограничиме допирањето по телото, особено после допирање на валкани површини.

3. Очи

Допирање на очите е дозволено само ако ставате контактни леќи или отрстанувате некаква нечистотија. Со исклучок на овие оправдани причини за допирање, избегнувајте допирање или триење на очите.

„Допирањето на очите може да доведе до црвенило или некоја сериозна инфекција, ако ви се суви очите или имате некој друг проблем во врска со очите, најдобро е да се обратите кај лекар“, предупредува доктор Кимберли Кокерхам.

4. Уста

Неодамна едно британско истражување покажало дека луѓето ги ставаат прстите во уста повеќе од 20 пати во рок од еден час кога им е досадно на работа. Студијата објавена во магазинот “Journal of Applied Microbiology” покажала дека една третина од сите зарази во телото се пренесуваат токму на овој начин.

5. Нос

Престанете со „потрага по злато“. Луѓето кои имаат навика да ги ставаат прстите во ноздрите имаат 51% поголеми шанси да се заразат со стафилокока.

6. Нокти

Експертите советуваат дека би требало да имаме што пократки нокти, затоа што кожата под нив е исклучително чувствителна и претставува „џеб“ за задржување на опасни бактерии од околината. Опасноста е поголема ако не го чистиме редовно тој дел од телото,

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This