April 25, 2024, 11:40 am

67 НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еден починат, хоспитализирани 6 нови пациенти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројката на заразени од опасниот коронавирус и натаму расте, регистрирани 67 нови случаи на коронавирусот во Македонија. Еден е починат, а хоспитализирани се 6 нови пациенти соопшти Венко Филипче.

– Од вкупно 868 направени тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 67 позитивни пациенти на Ковид-19. Се уште не се пристигнати бројките од една приватна лабораторија и во следните неколку часа ќе биде објавена и деталната статистика по градови. Има 25 оздравени пациенти, и еден починат пациент.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека до изутрината на Клиниката за инфективни болести во Скопје се примени шест пациенти и сега се хоспитализирани вкупно 40, Таму нема пациент, кој е на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 16 пациенти.

– Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се вкупно 27 позитивни на Ковид-19, од кои на респираторна машина се шест пациенти. Во болницата во Битола хоспитализирани се седум пациенти, а во болницата во Штип 14. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп вкупно се хоспитализирани 27 пациенти кои се позитивни на вирусот, посочи Филипче

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This