7 грешки што ги правите при перењето на алишта, а не сте ни свесни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На многумина перењето алишта им е обврска која со задоволство би ја избегнале. Иако, на прв поглед делува како доста едноставна активност која не може да подлежи на грешки, сепак самиот процес на перење има свои трикови што треба да ги запазите. Затоа, пред да ја пуштите машината, осигурајте се дека ги перете вашите омилени алишта правилно.

Откако ќе ја прочитате статијата ќе сфатите дека несвесно сте правеле грешки кои ја уништувале вашата облека.

Ставате премногу облека

Ова можеби е најчестата грешка што многумина ја прават. Само затоа што ги собира сите ваши алишта во машината не значи дека треба да ја преполните. Преоптеретувањето на машината не само што значи дека прашокот и омекнувачот нема правилно да се распоредат, туку и постои можност агитаторот во машината да се скрши. Редовното преполнување може сериозно да ја оштети внатрешноста и да треба поправка каде истата ќе ве изложи на дополнителни трошоци.

Ја перете облеката после секое носење

Перењето на облеката после секое носење само го скратува нејзиниот животен век. За разлика од некои парчиња облека, како што е долната облека и чорапите каде се препорачува перење после секое носење, за сите останати парчиња пречестото перење не е најдобрата идеја. Зачестеното перење ќе направи вашата облека за брзо да ја загуби својата боја и форма.

Предолго ги оставате дамките

Доколку не ја отстраните дамката веднаш после тоа ќе биде многу потешко да ја исперете. Ставете отстранувач на дамки на местото и оставете ја облеката да отстои заедно со отстранувачот. Во спротивно, ризикувате да останете без омиленото парче облека.

Оставате мокри алишта во машината

Заборавањето на мокрите алиштата прави поголема штета отколку што можете да замислите. На мувлата не и треба долго време за да почне да се развива во топла и влажна средина. Откако ќе завршите со перењето ставате ги алиштата во машината за сушење или обесете ги на сушарата како би го задржале свежиот мирис и изглед.

Употребувате премногу омекнувач

Ставањето премногу омекнувач нема да ги направи вашите алишта помеки. Слично како и со детергентот, преголемата количина на омекнувач само ќе ја направи вашата облека леплива и груба.

Користите погрешен циклус на перење

Различните опции при перење постојат со причина. Па така, опцијата што најмногу ќе одговара за вашиот џемпер, нема да биде добра доколку перете памучни маици. Секогаш кога е возможно одделете ја облеката според нејзиниот состав и соодветниот циклус. На овој начин, ќе завршите со почисти алишта.

Облеката ја перете од погрешната страна

Облеката најдобро ќе се испере доколку ја превртите од другата страна пред да ја ставите во машината. Ова особено важи за џемперите и памучните блузи, бидејќи со помош на ваквиот начин на перење го спречувате оштетувањето на материјалот. Истото важи и за маици кои на себе имаат апликации, а со превртувањето вие спречувате оштетување и ронење на апликацијата. Кога станува збор за фармерки, најдобро е да ги испразните џебовите и да ги превртите од другата страна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This