7 знаци дека треба да пиете повеќе вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На нашето тело му е потребна вода за да функционира правилно и е од исклучителна важност да внесуваме доволно течности. Еве неколку знаци кои телото ни ги дава кога имаме недостаток од нив:

1) Главоболка

Доколку имате блага главоболка, тоа може да е знак дека сте дехидрирани. Затоа, пред да се напиете апче прво испијте една чаша вода, бидејќи можеби токму тоа ќе биде лекот за главоболката.

2) Урината има темна боја

Темната боја на урината е исто така знак дека сте дехидрирани и треба да го зголемите внесот на течности во телото – таа треба да биде со скоро проѕирна жолта боја.

3) Здивот ви мириса

Доколку бактериите во устата подолг период се суви тие почнуваат да мирисаат. Доколку немате расипан заб и сте се хранеле правилно, а одеднаш здивот почне да ви мириса, погодувате – тоа е знак на дехидрација и потребно е да го зголемите секојдневниот внес на вода и течности.

4) Постојано сте уморни

Чувството на умор и летаргија кое го имате и покрај тоа што доволно долго сте спиеле и не сте имале некој поголем физички или психички замор во тек на денот, може да е знак на дехидрираност. Во тој случај, пиењето течности ќе ви ги разбуди сетилата и ќе ви обезбеди енергија.

5) Чувствувате глад и покрај тоа што сте јадени

Некогаш кога сме жедни, телото тоа чувство го интерпретира како глад – па така често пати откако скоро сме јадени, чувствуваме желба за нешто солено или слатко. Пред да почнете да „копате“ по фрижидерот, прво напијте се чашка или две вода, па видете дали и понатаму ќе чувствувате глад.

6) Кожата ви е сува и збрчкана

Тоа е знак дека телото бара вода за да ги хидрира порите на кожата. Ова често се случува во зимскиот период, така што за нормална кожа многу е важно да внесувате доволно течности.

7) Грчење на мускулите

Недоволниот внес на вода може да резултира со тензија и грчење на мускулите, особено рано наутро или во тек на денот кога воопшто и не сте ги активирале (со некој поголем физички напор).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This