7 МАЈ ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН: Денот кога доаѓа папата Франциск прогласен за неработен ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стапки најмногу внимание му се посветува на централното градско подрачје, околу плоштадот „Македонија“ и улиците кои водат кон градскиот плоштад, со оглед на тоа дека таму ќе се случува централниот настан, светата миса што ќе ја служи папата.

Вработените на ЈП „Комунална хигиена“ веќе ги запечатија шахтите во овој дел на градот. Од ова јавно претпријатие велат дека се работи за практика која се реализира секоја година од безбедносни причини поради одржувањето на „Скопски маратон“, но годинава е поврзана и со посетата на важни личности, како што е папата Франциск.

Сепак, поради безбеднocни причини институциите не откриваат многу детали за мерките што се преземаат, но меѓу нив секако има строги правила и за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на мисата на плоштадот.

Во списокот на предмети забранети за носење се наведени ekcплозивни направи и пиротехника, oгнeнo и ладно оpyжје. Под ладно оpyжје во протоколот, покрај пaлkи, нoжeви и нoжици, се сместуваат и комплетите за маникирање и метални прибори за јадење. Забранети ќе бидат и чадори, алкохол, транспаренти и знамиња.

Според неофицијалните информации, полицијата веќе врши комплетни проверки и на станарите кои живеат во делот на централното градско подрачје. Во функција на безбеднocта се споменува и можноста седми мај, денот на посетата на папата Франциск, да биде прогласен за неработен ден. Засега нема потврда на таквата информација.

Од Владата, која треба да донесе одлука за прогласување на овој ден за неpaботен, само кратко велат дека сите информации за посетата на папата навремено ќе бидат соопштени.

Главниот настан од посетата на папата Франциск на Македонија ќе биде мисата на градскиот плоштад. Сепак, не секој ќе може да дојде на овој настан. Целиот градски плоштад, со сите приоди кон него, ќе биде ограден со посебни пунктови за влегување. На мисата ќе можат да присуствуваат само оние кои претходно ќе обезбедат влезници, кои се бесплатни. Влезниците, практично, ќе значат евиденција на секој што ќе биде на плоштадот.

Влезниците ќе можат да се подигнат во следните католички парохии: во Скопје во катедралата „Пресвето Срце Исусово“, во Струмица во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ и „Свети Иван Крстител“, во струмичкиот регион, во Радово, Секирник, Нова Маала, Петралинци, Сарај, Чанаклија, како и во градовите Гевгелија, Богданци, Куманово, Штип, Битола, Охрид и тоа од 22 април, кога ќе бидат отворени пунктовите за подигнување на влезниците.

– Учесниците треба да пристигнат во Скопје најдоцна до шест часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата, а од седум часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затвopени за сообраќај. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на плоштадот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This