April 25, 2024, 12:58 pm

ИСТОРИСКА ОДЛУКА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: Историска одлука на Северна Кореа за нуклеарно оружје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северна Кореја соопшти дека нема причина да поседува нуклеарно оружје ако постојат безбедносни гаранции, потврди Сеул, а пренесува агенцијата АП и Јонхап.

Пјонгјанг прифати да ги замрзне своите нуклеарно-ракетни активности доколку започне преговори со САД.

,,Северна Кореа изразува желба отворено да разговара со САД за прашањето на денуклеаризација и нормални односи’’ се вели во соопштението на јужнокореанската админинистрација.

,,Сеул и Пјонгјанг се договорија дека во април ќе одржат самит во Панмунџому’’ вели советникот на јужнокореанскиот претседател, пренесува агенцијата Јонхап. Се очекува на преговорите да учествуваат лидерите на двете Кореи.

,,Јужна и Северна Кореа се договорија да одржат трет самит во Панмунџому кон крајот на април’’ вели Чунг Еиу Јонг советник за национална безбедност на претседателот на Јужна Кореа.

Раководството на Северна Кореа исто така изрази спремност да започне дијалог со САД поради нормализација на билатералните односи и да започнат консултации за денуклеаризација, додаде Чунг.

Тој нагласи дека од Пјонгјанг истакнале дека не би му било потребно нуклеарно оружје кога Северна Кореа би добила безбедносни гаранции и кога би исчезнал заканата дека ќе биде нападната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This