75 години од паѓањето на првата атомска бомба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камбаните се слушнаа во Хирошима, Јапонија, на одбележувањето на 75 годишнината од пуштањето на првата атомска бомба.

Но меморијалниот настан оваа година е намален, поради екот на пандемијата.

На 6-ти Август 1945 година, Американскиот бомбардер пушти ураниумска бомба над градот, убивајќи околу 140,000 луѓе.

Три дена подоцна второ нуклеарно оружје беше фрлено над Нагасаки.Две недели подоцна, Јапонија се предаде, со што заврши Втората Светска Војна.

Рано во Четврток, Премиерот на Јапонија Шинзо Абе и градоначалникот на Хирошима се приклучија на преживеаните од тој ден и нивните роднини, во Паркот на Мирот.

Паркот е обично преполн со илјадници лугѓе, но оваа година присуството е драстично намалено, со столчиња распределени низ целиот парк и задолжително носење на маска од страна на присутните.

Момент на молк се одржа во 08:15, точниот момент кога бомбата беше фрлена на градот.

„На 6-ти Август 1945, една атомска бомба го уништи нашиот град. Тогаш велеа дека ништо нема да расте тука во наредните 75 години.А сепак, Хирошима закрепна, станувајќи симбол за мир.“ Изјави градоначалникот Казуми Матсуи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This