75% ОД ВРАБОТЕНИТЕ ЗЕМААТ ПЛАТА ПОД ПРОСЕКОТ: 50% од вработените земаат плата под 300 евра, анализа на професорот Марјан Петрески

  • March 4, 2019

75% од вработените во Македонија заработуваат месечна плата која е под просекот. За повисоки плати во приватниот сектор може да се разговара само кога економијата испорачува сериозни стапки на раст. Нема подобар начин за подобрување на животниот стандард од создавање на нова вредност. А тоа значи дека е можно само со отварање на нови работни места и подобрување на продуктивноста.

Ова е анализата на универзитетскиот професор Марјан Петрески, кој за центалните вести на Алсат телевизија, истакна дека мал е бројот на луѓе во земјава кои солидно заработуваат.

– Порелевантна е една друга мерка која што се нарекува медијана, и која што го дели одприлика целиот примерок на вработени лица на пола. Таа не се публикува, претпоставувам дека се пресметува, но не се публикува од страна на Државниот завод за статистика. Но според некои интерни калкулации се движи околу 18.000 денари. Што ќе значи дека пола од вработеното население добива под 18 илјади денари, а другата половина добива над 18 илјади денари плата, истакна Петрески.

Претходно «
Следно »