77 ГОДИШНИК ОД КИСЕЛА ВОДА: Ова е новиот сопственик на „1ТВ“, целосно непознат за јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

77-годишниот Богдан Дамјановски кој живее во скопската населба Кисела вода е личноста којашто во Управата за јавни приходи (УЈП) фигурира како нов сопственик на телевизијата „1тв“, објави ИРЛ.

Според ИРЛ, кои разговарале со извори вклучени во водењето на истрагата телевизијата сега има нов сопственик, којшто со раководството направил договор за преземање на долговите на фирмата, а за возврат, тој бесплатно ги добива уделите.

Во Централниот регистар се уште не е направена официјална промена за сопствеништвото на фирмата која е соптвеник на телевизијата.

Долговите на телевизијата се околу 30 милиони денари, односно повеќе од 400,000 евра, според информациите на Управата за јавни приходи.

Бојан Јовановски, кој е првоосомничен за случајот „Рекет“ ќе добие и кривична пријава од УЈП за затајување на данок, информираше УЈП на вчерашниот брифинг за новинари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This