8-те чекори до среќата за кои никој нема да ви каже

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште од мали нè учат дека за да ја достигнеме среќата треба да најдеме добра работа, да имаме наш дом, да најдеме партнер и да се смириме. Проблемот е што дури и откако ќе го направите сето ова, можно е да чувствувате како нешто да ви недостасува. Уште полошо е што ова се претвора во фрустрација, па ги повредувате нашите најдраги.
Во реалноста, среќата не функционира како што нè учеле. Сепак, сме ги добивале овие лекции од луѓе кои и самите не биле среќни. Па како да ја пронајдете вистинската среќа? За таа цел потребно е да ги имате на ум следниве нешта.
1. Престанете да ја барате среќата во иднината и побарајте ја во сегашниот миг
Како што растеме, се убедуваме дека има некаков магичен сад со среќа на крајот од нашиот пат. Проблемот е што патот е всушност бескраен лавиринт кој ве убедува дека сте стигнале негде, иако ова не е вистина. Нема да најдете среќа ако постојано гледате кон иднината. Се разбира важно е да ја испланирате, но потребно е и да се приземјите во сегашниот момент. Колку повеќе ќе го правите тоа, ќе откривате секакви нешта што ќе ви причинуваат радост. Најчесто ова се мали нешта што воопшто не сте ги забележувале поради тоа што вашиот фокус бил насочен само кон иднината.

2. Направете ја среќата постојан труд
Многу луѓе веруваат дека среќата е нешто што штом ќе го најдете еднаш, ќе го имате засекогаш. Но ова не е вистина. Ова недоразбирање потекнува најмногу од мислењето дека среќата е предмет. Среќата е состојба, а не предмет или нешто надвор од вас. Среќата секогаш постои во нас како потенцијал, па останува на вас секојдневно да ја потхранувате. Вежбањето, здравата исхрана и одржување на здравите врски се некои од начините да го направите ова.

3. Најдете ја вашата страст и следете ја со целото срце
Можеби ова звучи очигледно, но сигурно никој не ви кажал колку е важно додека сте растеле. Кога следите нешто за коешто сте страсни, вашиот живот има значење и цел кои се заразни. Како што се подобрувате во вашата област, ќе се исполните со енергија која ќе направи да се чувствувате моќно. Па запрашајте се уште денес што навистина сакате и барајте го тоа.

4. Направете сè што е во ваша моќ за да ги одржите силните врски со саканите
Сигурно веќе знете дека врските се важни. Но малкумина кои веруваат во ова ги негуваат нивните врски. Како повеќето да мислат дека важните врски самите ќе се одржуваат. Ова верување кога-тогаш ќе ве повреди. За врските е потребна работа. Потребно е да помислувате на другата личност одвреме-навреме. Да се осигурете дека е ценета и да понудите поддршка доколку има потреба од тоа. Едноставно, одржувањето на силните врски бара огромен напор од двете страни и понекогаш можеби ќе треба да се присилувате да направите нешто. Но штом ќе видите каква разлика сте направиле, и вие и саканата личност ќе бидете многу посреќни.

5. Соочете се со вашите демони
Повеќето луѓе имаат навика да ги тргаат настрана, или да се кријат од нивните проблеми. За ова има многу причини и без разлика која е вашата, ова однесување само ќе ви предизвика болка. За да бидете среќни, потребно е да се соочите со овие демони. Најчесто ова значи да се соочите со вашиот внатрешен дијалог. Како што минува животот, вашите искуства влијаат на вашите верувања кои ги имате за себе. Овој дијалог има влијание на сè што правите во текот на денот и може или да ве направи среќни и успешни, или несреќни и обесхрабрени. Секој ден одвојте време за себе и слушајте ги вашите мисли. Бидете добри кон себе и престанете да се уништувате со вашите мисли.

6. Бидете свесни за лажната среќа што ја предизвикуваат материјалните нешта
Често купуваме нешта за да се усреќиме и ова е успешно, но само привремено. Новите нешта се возбудливи на почетокот, но потоа се прилагодуваме на нив. Среќата од материјалните нешта може да биде навистина опасна илузија и секогаш ќе ви треба повеќе за да се почувствувате добро. Ова предизвикува нездраво однесување каде што постојано ја барате следната доза.

Нормално, ако сте пораснале во посиромашна околина ќе бидете среќни кога ќе можете да си овозможувате работи што никогаш сте ги немале. Но немојте да се задоволите со материјалните нешта. Продолжете подлабоко да ја барате среќата штом ќе ја задоволите таа потреба.

7. Престанете да се споредувате со другите
Споредувањето често создава целосно нереални и недостижни стандарди кои не ви дозволуваат да ја почувствувате среќата. Секој човек е различен и ако некој може да направи нешто и да биде негде, можеби вие сè уште не можете да го направите тоа. Причината не е бидејќи немате таленти или вештини, туку причината е што сте различни.

На почетокот на некој подвиг, копирањето на понапредните и поуспешните луѓе може да биде продуктивно. Но, набрзо потоа треба да почнете да го градите вашиот пат и да престанете да ја бркате нереалната ментална слика на другите.

8. Создајте визија за вашиот живот и најдете ја среќата по пат
Создавањето визија му дава смисла на вашиот живот. Ова значи да го создадете оптималното опкружување за култивирање на среќата во сегашноста, додека работите и се движите кон идните цели. Вака ќе го добиете најдобриот подарок – среќа во текот на самиот процес. Кога постојано напредувате и се подобрувате, ќе се чувствувате одлично и вашиот живот ќе има смисла. Не заборавајте го најважното нешто – среќата зависи од тоа како живеете сега, а не од нешто што ќе го добиете во иднина.

Извор:кафепауза.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This