8.334 ЕВРА ЗА ЕДНА ВЕЧЕР: Заев, Кочо и Верушевски трошат 8.334 евра на ноќ за претстојот во суперлуксузниот хотел во Израел!

  • September 3, 2017

Владината делегација која ја предводи Зоран Заев во Израел, а која е составена од дури 18 луѓе, каде освен министри присутни се и членови на кабинети, соработници и луѓе ангажирани на авторски договори. Имено според одредени информации тие се сместени во хотелот Кинг Давид во Ерусалим, супер луксузен хотел, кој во својот состав има базени, сауни, тениски игралишта, пишува порталот Журнал.

Обична соба во овој хотел може да се резервира за 463 евра за една вечер. Што значи дека цената за 18 члената делегација за една вечер е 8,334 евра. Досега Заев е присутен три дена таму, што значи дека владината делегација потрошила 25 илјади евра под услов сите да користеле обични соби, со какви располага хотелот.

Доколку освен летовите, претстојат во суперлуксузниот хотел, кој е во центарот на Ерусалим и на неколку минути до стариот град Ерусалим, се додадат трошоците за јадење, закуп на сали, за оваа посета ке се потрошат на 60 илјади евра.

Претходно «
Следно »