80/20 правилото – диета која ја практикуваат холивудските ѕвезди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

80/20 правилото ќе ви помогне да го изгубите вишокот на килограми, а сепак да не се изложувате на екстремни режими на исхрана.

Ова е една од ретките диети за која може да се каже дека сите славни во Холивуд ја практикуваат. А, причината за ова е затоа што во оваа диета вие јадете 80% здрава храна, а останатите 20% ги уживате како што вие сакате.

Џесика Алба, Миранда Кер, Бијонсе и Никол Кидман се само дел од познатите на кои оваа диета им е начин на живот.

Зошто да ја одберете токму оваа диета?

Многу набрзо оваа диета ќе ви прерасне во начин на живот
Оваа диета не ве ограничува кои намирници да ги консумирате, а кои не. Сакате коцка чоколадо, во ред, може да ја изедете, но затоа подоцна треба да одберете да јадете нешто здраво и полно со нутритивна вредност.

Со оваа диета вие не се ограничувате кога, како и што да јадете, но мора да внимате 80% од вашата исхрана да биде здрава, а во останатите 20% може да консумирате што сакате.

Ќе бидете многу поздрави и посреќни
Водејќи „сметка“ што внесувате во вашето тело вие ќе бидете многу поздрави и за многу брзо оваа диета ќе ви стане навика.

А, со самото тоа што нема да се изложите на строг режим на исхрана вие ќе се чувствувате среќно и исполнето, затоа што ќе можете да јадете што ви душа сака, но во умерени количини.

Ќе се ослободите од вишокот килограми на многу полесен начин
Нема ни да почувствувате кога и како вашите вишок килограми ги снемало. Единствената „маана“ на оваа диета е што нема да ви овозможи да изгубите 20 или 30 килограми.

80/20 правилото може да ви помогне да изгубите само одреден степен на тежина, а понатаму да спречи од дебелеење и да ви помогне да ја одржувате истата тежина.

Но, на овој начин ќе бидете многу поздрави, затоа што заедно со сите килограми изгубени, вашето тело ќе се ослободи и од токсините во него.

Нема да влијае врз вашиот социјален живот
Ќе одите вечер на забава или во ресторан на вечера со пријатели? Ништо страшно. Можете да се напиете алкохол, можете да јадете пица.

Но, кога сте дома потрудете се вашите оброци да изобилуваат наутро со овошје, а навечер со зеленчук и риба. Повеќето кои ја практикуваат оваа диета, тие 20% си ги оставаат за викенд.

Што значи дека преку недела јадат само здраво и комбинирано, а за викенд си дозволуваат да се опуштат и почестат со по некое задоволство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This